фото: Игор Бансколиев

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направен е 1.221 тест, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19 од: Скопје – 59, Битола – 7, Кавадарци – 4, Охрид и Делчево по 3, Куманово, Прилеп, Штип и Берово по 2 и по еден заразен од Гостивар, Струмица, Кочани, Гевгелија и Демир Хисар.

Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 20 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (85 години), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на починати со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје(70 години), починато во домашни услови на 30 април годинава.

Во изминатото дноноќие регистрирани се 87 оздравени пациенти од: Скопје – 30, Битола – 26, Охрид – 6, Прилеп и Ресен по 4, Штип и Кичево по 3, Гевгелија и Велес по 2 и по еден оздравен од Куманово, Берово, Струмица, Дебар, Валандово, Богданци и Кратово.

Досега во земјата се направени вкупно 2.035.877 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 310.684, бројот на оздравени пациенти е 300.761, на починати е 9.289, а бројот на активни случаи изнесува 634.

Според епидемиолошките анализи, ситуацијата по градови е следна:

Скопје 146.068, активни 307
Куманово 16.653, активни 14
Битола 15.525, активни 112
Прилеп 14.184, активни 30
Тетово 13.468, активни 11
Кавадарци 10.670, активни 26
Велес 9.781, активни 11
Гостивар 9.597, активни 12
Охрид 8.882, активни 28
Струмица 8.071, активни 8
Штип 8.037, активни 12
Кичево 5.634, активни 8
Кочани 5.084, активни 6
Струга 4.723, активни 5
Гевгелија 4.414, активни 7
Неготино 3.685, активни 6
Ресен 2.737, активни 12
Свети Николе 2.626, активни 2
Радовиш 2.530, активни 1
Крива Паланка 2.415, активни 2
Делчево 1.983, активни 4
Дебар 1.674, активни 0
Берово 1.663, активни 3
Валандово 1.488, активни 0
Виница 1.393, активни 2
Пробиштип 1.267, активни 0
Богданци 1.021, активни 1
Кратово 966, активни 1
Крушево 926, активни 0
Демир Хисар 834, активни 2
Македонски Брод 736, активни 0
Демир Капија 593, активни 0
Македонска Каменица 523, активни 0
Пехчево 486, активни 0
Дојран 347, активни 1