Фото: Принт-скрин

Некаде сме околу пикот на омикрон, имајќи предвид дека овој последен бран се ширеше многу брзо и многу побрзо стивнуваше, и во соседството и во Западна Европа, истакна директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски, во вечерашното гостување на телевизија „Сител“.

– Повторно има луѓе кои умираат од оваа зараза. Ние не знаеме во кој момент евентуално и оваа варијанта на коронавирусот ќе се промени во некоја поопасна, а тогаш ќе биде доцна да кажеме враќајте ги маските назад. Според сите светски научни препораки, ова не е момент маските да се фрлат – објасни д-р Петличковски, додавајќи дека пандемијата сѐ уште не е завршена и ковид-19 сѐ уште е тешка болест, со што не е време за олабавување.

Тој, сепак, посочи дека не очекува коронавирусот во следните месеци и години да биде сериозен проблем за човештвото.