Фото: Пиксабеј

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 1 до 3 јули) направени се 1.695 тестови, а регистрирани се 290 нови случаи со ковид-19 и 250 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (290), регистрирани се 49 реинфекции. Во текот на изминатите три дена не е пријавено ниту едно починато лице.

Од 290 новозаболени од Скопје се 186, Охрид – 18, Битола – 14, Прилеп – 9, Куманово и Велес – по 8, Кавадарци – 7, Тетово, Струмица и Кочани – по 5, Штип и Струга – по 4, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 3, Неготино, Делчево и Дебар – по 2, Пробиштип и Македонски Брод – по 1.

Од 250 оздравени пациенти од Скопје се 165, Битола – 16, Тетово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 8, Куманово, Велес и Неготино – по 6, Штип, Кичево и Ресен – по 4, Струмица – 3, Охрид и Гостивар – по 2, Кочани, Гевгелија и Радовиш – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.084.385 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а на активни случаи изнесува 935.