Министерството за здравство ја информира јавноста дека возрасни ковид пациенти нема да се хоспитализираат на Клиниката за детски болести во Скопје. Единствени возрасни пациенти на Детска клиника се мајките на хоспитализираните деца со ковид, кои исто така се позитивни.

Министерството за здравство апелира да не се создава непотребна паника. Клиниките каде со преадаптација се направени ковид-оддели физички се оделени и не постои никаков контакт меѓу ковид пациенти и пациенти кои не се заразени со ковид, а се хоспитализирани на Клиниките поради други заболувања.

Целокупниот систем е организиран и добро се менаџира, хоспиталните оддели, одделите каде се врши дијагностика, лабораториски анализи се поделени на црвени и зелени зони за ковид пациенти и останати пациенти, се наведува во соопштенитето на министерството.