Главниот координативен кризен штаб на синоќешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за скратување на периодот на изолација по позитивен ПЦР-тест од 10 на седум дена. Препораката е доставeна до Владата која за неа треба да дискутира на следната седница, информира владината прес-служба.

Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон, како што соопштија од Владата.