Комисијата за заразни болести, следејќи ја епидемиолошката состојба, препорача наставата во второто полугодие од учебната 2021–2022 година да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму додават дека препораките од Комисијата се наставата да се одвива со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи за заштита од ширење на ковид-19.

Јетон Шаќири, министерот за образование и наука денеска информираше дека до крајот на неделата на седница на Влада ќе биде донесена одлука дали наставата во второто полугодие од 1 февруари ќе почне со физичко присуство или онлајн, а Министерството за образование и наука ќе има состаноци со надлежните во здравство.

До крајот на неделава ќе се знае како ќе почне второто полугодие, вели Шаќири

Владата на седница на 17 јануари донесе одлука за одложување на второто полугодие кое наместо на 20 јануари треба да почне на 1 февруари.
Одлуката за продолжениот зимски распуст за околу 255 илјади ученици Владата ја донесе по препорака на Главниот координативен кризен штаб.
Таа утврди и дека учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин – 10 јуни 2022.