Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на сите верници од католичка вероисповед им го честита големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден посакувајќи им добро здравје, во време на вонредна состојба во нашата земја и во светот.

– Оваа годинa е необична по тоа што и добрите и лошите мигови кои ги носи секојдневието, ги поминуваме во кругот на најтесното семејство, некој дури далеку и од нив, меѓутоа, секако не далеку од срцата. Бидете трпеливи и храбри, ќе го пребродиме и ова. Важно е да имаме добри мисли, мисли на солидарност и разбирање кон нашите блиски и далечни семејства, кон нашите соседи, пријатели и соработници – се вели во честитката на Џафери.

Тој посочува дека во овие кризни времиња важно е да ги храбриме и да се молиме за добро здравје и сила на нашите здравствени работници кои се исправени пред овој голем предизвик.

– Ви посакувам празничниот дух да го исполни Вашиот дом и да Ви даде леснотија во пребродување на овие денови. Ви посакувам да поминете убави празнични денови во Вашите домови, прославувајќи го Велигден, празникот на животот со полни срца надеж и верба – порачива претседателот на собранието во честитката до верниците од католичка вероисповед.