Фото: Маја Јаневска-Илиева

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување на пациенти со коронавирус во приватните болници, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој кажа дека до Владата ќе биде поднесен предлог за измена на Законот за здравствена заштита, со кој се предвидува ограничување на висината на наплата на финансиски средства за пациенти кои се лекуваат од коронавирус.

Ваквата одлука била донесена денеска на состанокот на Кризниот штаб.

– Денеска на Кризниот штаб се дискутираа повеќе работи. Се донесе одлука да се направи измена во Законот за здравствена заштита со кој на приватните болници ќе се направи ограничување на висината на наплата на финансиски средства за времетраење на кризата, поточно за лекување на коронавирус. Го слушнавме апелот на граѓаните и веќе утре до Владата ќе го поднесеме предлогот – рече Филипче.


Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во Македонија

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјава, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој кажа дека вакцините, кои се донација, ќе пристигнат на аеродромот во Софија, од каде што со возила ќе бидат донесени во Македонија.

Филипче рече дека кинеските вакцини ќе бидат додадени на сегашниот систем на вакцинирање на граѓаните по возраст.