Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе бидат изнесени ставови и мислења врз основа на спроведените анализи, како што претходно најави министерот за здравство Венко Филипче.

Се истакнува можноста за забрана на веселби во затворен простор, откако беше забележан пораст на бројот на новозаразени по свадба и по семејна веселба во Тетово.

Ќе се разгледува и можноста за засилени контроли на границите, за воведување на мерка за влез во Македонија само со негативен ПЦР-тест или со потврда за вакцинација.

Надлежните служби уверуваат дека состојбата со коронавирусот во Македонија е стабилна.