Во Штип денеска беа регистрирани 16 нови случаи на коронавирус, со што бројот на заразени во градот порасна на 431 лице.

Согласно податоците, Штип е вториот град со најмногу заразени од ковид-19 по Скопје каде во моментов има 1.426 активни случаи.

Зад нив се Гостивар и Куманово со 269, односно 263 заразени. Потоа следуваат Тетово (225), Свети Николе (175) и Струга (195).

Во Охрид кој за време на продолжениот викенд има голема посетеност, во моментов 86 лица се водат како заразени со ковид-19.

Во текот на денешниот ден беа потврдени 138 новозаразени. Регистрирани се 144 оздравени пациенти и 7 починати.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.891, бројката на оздравени пациенти е 6.698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.700. Од вчерашните 1 тест е контролен и се евидентира денес. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4.856, активни 1.426
• Куманово 1.066, активни 263
• Дебар 205, активни 117
• Штип 836, активни 431
• Прилеп 333, активни 53
• Тетово 1045, активни 225
• Струга 449, активни 195
• Велес 225, активни 22
• Битола 142, активни 71
• Охрид 274, активни 86
• Кавадарци 61, активни 44
• Гостивар 450, активни 269
• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 36, активни 20
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 23
• Крушево 16, активни 9
• Кочани 104, активни 24
• Пробиштип 53, активни 20
• Демир Хисар 32, активни 26
• Македонски Брод 26, активни 21
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 5, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 16, активни 12
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 8
• Свети Николе 222, активни 175
• Кичево 160, активни 97
• Ресен 147, активни 31
• Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)