Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-23, Куманово-8, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-11, Велес-2, Битола-3, Охрид-8, Кавадарци-1, Гостивар-4, Струмица-1, Македонски Брод-4, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од: Скопје-57, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-8, Тетово-11, Велес-1, Гостивар-2, Кочани-4, Демир Хисар-1, Свети Николе-10, Кичево-2, Ресен-5.

Починати се шест лица, две пациентки од Скопје (56г. и 75г.), пациент од Куманово (91г.), пациент од Гостивар (64г.), пациент од Тетово (82г.) и пациент од Штип (58г.) Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.289, бројката на оздравени пациенти е 7.221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557. Денес се евидентира еден контролен тест. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4.966, активни 1.303
• Куманово 1.102, активни 262
• Дебар 208, активни 118
• Штип 887, активни 433
• Прилеп 336, активни 46
• Тетово 1.066, активни 212
• Струга 469, активни 187
• Велес 227, активни 22
• Битола 146, активни 66
• Охрид 283, активни 76
• Кавадарци 83, активни 63
• Гостивар 499, активни 288
• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 39, активни 23
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 16
• Крушево 16, активни 8
• Кочани 106, активни 20
• Пробиштип 57, активни 22
• Демир Хисар 34, активни 26
• Македонски Брод 41, активни 35
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 6, активни 0
• Виница 25, активни 21
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 7
• Свети Николе 230, активни 134
• Кичево 179, активни 109
• Ресен 146, активни 21
• Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1507 теста се преку: ИЈЗ-302, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-156, Биотек-255, МАНУ -189, Жан Митрев (Филип Втори)-302, Систина со ПЦР метода -216, Судска медицина -9, ЦЈЗ Битола-48, Инфективна клиника-6, ГАК-0. Досега во земјата се направени вкупно 108384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, 1 на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни, како и 2 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 168
• Аеродром – 147
• Бутел – 84
• Гази Баба – 133
• Центар – 106
• Карпош – 113
• Сарај – 60
• Кисела Вода – 141
• Ѓорче Петров – 92
• Студеничани – 45
• Шуто Оризари – 108
• Арачиново – 24
• Илинден – 24
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 9
• Сопиште – 20
• Зелениково- 7
• Странец – 5