Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-6, Штип-29, Прилеп-2, Тетово-6, Битола-2, Кавадарци-10, Гостивар-13, Кочани-1, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Виница-2, Свети Николе-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од: Скопје-108, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-11, Велес-1, Битола-3, Гостивар-2, Кочани-2, Кичево-2, Ресен-5.

Починати се шест лица, четири пациенти од Скопје (82, 48, 82 и 60 години), еден пациент од Кичево (52г.) и еден од Струга (75г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.213, бројката на оздравени пациенти е 5.564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.183. Денес се евидентира еден контролен тест. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4.660, активни 1.876
• Куманово 991, активни 284
• Дебар 192, активни 124
• Штип 761, активни 409
• Прилеп 324, активни 53
• Тетово 998, активни 278
• Струга 416, активни 206
• Велес 212, активни 20
• Битола 116, активни 59
• Охрид 262, активни 111
• Кавадарци 48, активни 31
• Гостивар 385, активни 234
• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 35, активни 24
• Крива Паланка 22, активни 8
• Радовиш 28, активни 23
• Крушево 15, активни 9
• Кочани 95, активни 23
• Пробиштип 48, активни 29
• Демир Хисар 24, активни 22
• Македонски Брод 15, активни 11
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 7, активни 3
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 13, активни 8
• Свети Николе 217, активни 189
• Кичево 120, активни 90
• Ресен 143, активни 40
• Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.025 теста се преку: ИЈЗ-662, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -10, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Систина со ПЦР метода -113, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-12, ГАК-10. Досега во земјата се направени вкупно 96.194 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 10 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 265
• Аеродром – 207
• Бутел – 133
• Гази Баба – 193
• Центар – 150
• Карпош – 164
• Сарај – 109
• Кисела Вода – 183
• Ѓорче Петров – 129
• Студеничани – 93
• Шуто Оризари – 120
• Арачиново – 36
• Илинден – 23
• Петровец – 20
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 22
• Зелениково- 7
• Странец – 8
• Нераспределен- 2