Министерството за надворешни работи на Република Македонија информира дека во соработка со МНР на Црна Гора и Косово, утрово организираше враќање на 63 македонски граѓани во својата земја, со еден автобус и 19 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

– Истовремено, со автобусот на пат кон Црна Гора, овозможивме 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја. Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон црногорските и косовските власти за соработката, непречениот транзит и солидарноста – се вели во соопштението.