Шалтерите за наплата на сметки во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе работат со ново работно време и тоа само од понеделник до петок од 8 до 15 часот, информираат од ова јавно претпријатие.

Оваа одлука е со цел да се почитуваат препораките за спречување на ширењето на ковид-19. Во контекст на ова и теренските активности ќе се одвиваат само во случај на дефект или во специфични ситуации.

Од јавното претпријатие ги повикуваат граѓаните периодов да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација, диколку им се потребни одредени услуги.

– Посетете ја нашата веб-страница и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието.  Електронските сервиси за физички, а отсега и за правни лица се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk. За полесен и побрз пристап до услугите, симнете ја и мобилната апликација на претпријатието, веќе достапна за Android и IOS. Бидете инфромирани за тековните дефекти, новости и дневни известувања и пристапете до електронските сервиси – се наведува во соопштението.