Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на денешната прес-конференција ги соопшти податоците за почитувањето на мерката за ограничување на движењето на граѓаните која започна да се применува од 22 март, податоците за лицата во изолација и информации за постапувањето на полициските службеници во изминатиот период.

За споментатиот период мерката за ограничување на движењето не ја почитувале вкупно 502 граѓани, од кои најголем број се лица на возраст од 18-67 години и тоа 459, додека на возраст до 18 години вкупно се 26 се лица и над 67 години се вкупно 18 лица.

– Од страна на Министерството за внатрешни работи преземени се мерки и активности кон лицата кои не ја почитувале мерката за ограничување на движењето при што вкупно до сега приведени се 199 лица, од кои 14 се лица на возраст до 18 години. Од страна на Министерството за внатрешни работи преземени се мерки и активности кон лицата кои не ја почитувале мерката за ограничување на движењето при што вкупно до сега приведени се 199 лица, од кои 14 се лица на возраст до 18 години – рече Чулев.

Притоа министерот истакна дека во последните 24 часа, 94 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето на граѓаните, при што приведени се 37 граѓанин, од кои 7 лица се на возраст до 18 години.

Исто така од воведување на мерката за ограничување на движењето на граѓаните до денес опоменати се вкупно 136 лица, а до Основното јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи поднесени се вкупно 123 кривична пријава и 12 известувања, со кои се опфатени 158 сторител за вкупно 144 кривични дела, од кои најголемиот дел се поднесени по член 206 од Кривичниот законик.

Во изминатиот период издадени се вкупно 1.620 решенија за изолација, од кои во последните 24 часа издадени се 90 решенија за самоизолација, извршени се 5597 контроли на решенијата за самоизолација од кои 816 во последните 24 часа, при што за истакнување е дека во последните 24 часа не е констатирано ниту едно непочитување на решенијата за самоизолацијапотпишани се вкупно 9.025 изјави за самоизолација, од кои 99 изјави во последните 24 часа

Од страна на полициските службеници извршени се 32.374 контроли за тоа дали се почитува дадената изјава за самоизолација, од кои во последните 24 часа извршени се 4.007 контроли, при што е констатирано дека 3 лица не ја почитувале изјавата за самоизолација и за истите ќе бидат преземени соодветни мерки.

– Во однос на донесените решенија за изолација и изјавите за самоизолација до сега поднесени се вкупно 123 кривични пријави, од кои 5 се во последните 24 часа и најголемиот дел од кривичните пријави се поднесени за кривични дела по член 206 од кривичниот закон, а 19 кривични пријави се по член 205 од Кривичниот законик – истакна министерот Чулев во неговото обраќање

Воедно веќе е функционална апликација која е наменета за полициските службеници, а преку кои вршат проверка на дозволите за движење за време на траење на мерката, а кои се се издадени од страна на Министерството за информатичко општество и администрација а во координација со нив во следниот период се преземаат активности со цел дополнување на системот со дозволите кои се издадени во изминатиот период.

Надлежните институции во моментов преземаат мерки за приспособување на објектите кои ќе бидат наменети за граѓаните кои нема да ги почитуваат мерките за изолација и самоизолација и кои согласно одлуките на Владата ќе бидат сместени во карантин на сопствена сметка. Исто така полициската станица „Гази Баба“ е утврдена како локација каде ќе се спроведуваат лицата кои се заразени од коронавирусот, а ќе се јават како сторители на кривични дела.