Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, ќе достави предлог до Владата за награда од 15.000 денари за сите вработени во МВР.
– Денес, потпишав и до Владата ќе доставам уредба, со која се предвидува награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој од нив. Уредбата ги опфаќа сите полициски службеници, вработените во управните служби и другиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи, кои целиот овој период неуморно и пожртвувано даваат сè од себе во првите редови во справувањето со коронавирусот – напиша Чулев на Фејсбук.

Тој додава дека тие со својот труд и ангажман го заслужуваат ова и очекува Владата на првата наредна седница да ја усвои оваа уредба.