Оваа година два големи и значајни христијански празници ги одбележуваме во поинакви околности соочени со голем, знаечаен и сериозен предизвик, вели министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
– Свесен сум дека актуелната одлука за ограничување на движењето на граѓаните не е идеална, но таа треба да се почитува. Големата бројка на лица кои се носители на вирусот е факт кој не смееме да го игнорираме и занемариме – додава тој во објава на Фејсбук.

Чулев апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за ограничување на движењето.

– Дисциплинираноста и одговорноста се карактеристика на големите луѓе и јас сум сигурен дека пред нас е време кога ќе можеме многу посигурно и побезбедно да ги одбележуваме убавите моменти, но и да изразуваме почит на оние кои не се помеѓу нас – заклучува министерот.