Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на национален координатор за распределба на странска помош во земјава, на скопскиот аеродром денес пречека еден милион заштитни маски, донација од Република Чешка, како помош за нашата земја во справувањето со ковид-19.

Османи изрази благодарност до амбасадорот Томан, до Владата на Чешка, но и до целиот чешки народ за оваа поддршка, која доаѓа во вистинско време и за вистинска намена – борба против Ковид-19.

– Оваа денешна донација не само што ќе ни помогне поефикасно и поуспешно да се справиме со ковид-19, туку истата претставува симбол на европската солидарност која нè прави посилни, нè охрабрува дека не само што ќе ги победиме овој коронавирус и оваа епидемија, туку дека ќе излеземе од оваа криза пообединети, посолидарни, со еден збор посилни – истакна Османи.