Врз основа на мерката за спроведување на лица во државен карантин, вчера полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција извршиле обезбедување и транспорт на четири лица кои од граничниот премин „Ќафасан“ се пренесени до Специјалниот завод во Демир Капија.

СВР Охрид, на целото подрачје што го покрива, продолжува да презема најстроги мерки со цел доследно спроведување на одредбите за заштита на граѓаните.

Полициската станица Охрид врши контрола на вкупно 144 лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“. Од нив, 125 своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишале изјава дека по враќањето од странски земји, во времетраење од 14 денови во нивните домови ќе спроведат задолжителна самоизолација.

Деветнаесет лица се водат со решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат и се ставени под здравствен надзор и домашна изолација.

Од СВР Охрид потсетуваат дека граѓаните на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14 дневна самоизолација.