Фото: Каролина Мицевска

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал 71 годишен пациент од Прилеп, кој во таа здравствена установа бил лекуван од 15 април, пренесе министерот за здравство, Венко Филипче.

Ова е четврти смртен случај во општина Прилеп како последица на коронавирусот.

Инаку, само неколку часа пред тоа беше информирано дека денес не се регистрирани новозаразени од коронавирусот во Прилеп, каде досега се евидентирани 117 лица.

Ка.М.