Четворица вработени во Антикорупциската комисија се позитивни на коронавирусот.

Станува збор за вработените во службите на комисијата, а позитивен на Ковид-19 не е ниту еден член од комисијата.

Информацијата ја потврди претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

– Вработените се добри и ниту еден од нив нема симптоми. На докторите им го предочив ризикот од ставање на сите вработени и членови на комисијата во изолација, со оглед на тоа што во претстојниот предизборен период комисијата има зголемени надлежности во следењето на изборната кампања. Од тие причини, кај сите вработени и членови во понеделник ќе се изврши тестирање – изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.