Во Скопје во моментов има 1.323 активни случаи на коронавирус. Само денеска регистрирани се 97 случаи во главниот град, а починале и петмина скопјани во изминатите 24 часа.

Според податоците на Министерството за здравство, најголемо жариште и понатаму е скопската општина Чаир каде во моментов има 302 заболени.

Зад Чаир се општините Аеродром и Бутел со 118 и 110 заболени лица.

Понатаму, во Гази Баба има 104 активни случаи, Центар – 105, Карпош – 94, Сарај – 96, Кисела Вода – 64, Ѓорче Петров – 53, Студеничани – 52, Шуто Оризари – 40, Арачиново – 33, Илинден – 27, Петровец – 9, Чучер Сандево – 7, Сопиште – 8, Зелениково-1.

Вкупно, во изминатите 24 часа во Македонија регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19, починаа 8 лица, а оздравени се 34 пациенти.