Во моементов Скопје е главно жариште на коронавирус во земјава, со вкупно 720 активни случаи на заразени.

Според статистиката, најголем дел од активно заразените се од скопската општина Чаир – 168 лица. Зад Чаир се наоѓаат Центар со 64 и Бутел со 63 активни случаи.

Зад нив се Гази Баба-58, Аеродром- 57, Сарај- 55, Карпош- 45, Кисела Вода- 35, Арачиново- 23, Студеничани- 19, Илинден- 18, Ѓорче Петров- 18, Шуто Оризари- 17, Петровец- 6, Чучер Сандево- 3, Сопиште- 2 и Странец -2.

Во изминатите 24 часа потврдени се 127 нови случаи на заразени со ковид-19, а починаа 3 лица.