Состојбата со ковид во училиштата е апсолутна стабилна, изјави денеска министерката за образование Мила Царовска. Таа рече дека има од 0,01 до 0,03 позитивни случаи на ковид на дневно ниво, а вкупната бројка на активни случи во еден момент е 0,3 проценти од вкупно 255 илјади ученици кои се со активно присуство, односно следат настава во училиштата.

Министерката вели дека продолжува сценариото со настава со физичко присуство се додека Комисијата за спречување на заразни болести не одлучи поинаку, па Министерството да го промени сценариото.

„Во овој момент сите индикатори и сите бројки покажуваат дека состојбата е стабилна и дека во интерес на учениците е наставата да се одвива со физичко присуство“, рече министерката за образование.