На денешната владина седница усвоени се предлозите на Комисијата за заразни болести за вработените лица кои се ослободени од работа, врз основа на утврдената листа на хронични болести, да се вратат на своите работни места.

Како што информираат од владината прес-служба, исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на чија потврда овие лица ќе користат боледување.

Бремените жени да продолжат да ги користат мерките донесени од страна на Владата.