Заменик-премиерот за европски интеграции Бујар Османи во објава на Фејсбук информира дека сите избрани и именува функционери од редовите на ДУИ решиле разликата на нивните плати над минималната, да ја донираат во Солидарниот фонд на Владата за борба против коронавирусот.
– Одлуката на Уставен суд мора да се почитува, но солидарноста е лично право и морална должност на секој од нас. Ние, министрите, замениците министри и државните секретари во Владата, кои доаѓаат од редовите на ДУИ, одлучивме разликата на нашите примања, над минималната плата, да го донираме во солидарниот фонд на Владата – пишува Османи.

Тој во објавата посочува и дека „борбата против ковид-19 сигурно ќе ја добиеме, но важно е притоа секој од нас да излезе подобар од истата“.