Фондот за иновации и технолошки развој го поништи годишниот тендер за набавка на пијалаци и прехранбени производи. Од ФИТР соопштија дека овие буџетски средства се пренаменети за Универзитетска Клиника за детски болести во Скопје.

Фондот за иновации и технолошки развој на Детската клиника достави заштитни скафандери, заштитни очила и ракавици наменети за медицинскиот персонал и пациентите.

– Заедно да ја дадеме нашата поддршка на Министерство за здравство во борбата против коронавирусот – апелира ФИТР.