Фото: Игор Бансколиев

Комисијата за заразни болести планира да предложи мерка според која кафеаните, кафулињата и останатите угостителски објекти ќе работат до 21 часот, со цел за заштита од ковид-19. Ова го соопшти министерот Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, како што пренесуваат повеќе медиуми.

Се очекува предлогот веќе утре да се најде на владина седница. Угостителските објекти сега работат до 23 часот, според мерките кои стапија на сила пред две недели.