Фото: Маја Јаневска-Илиева

Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот се чекаат детали во однос на цената и на испораката.

– До крајот на неделата верувам дека сите овие информации ќе ги имаме. Мораме да работиме на сите полиња за да обезбедиме интегрален процес, без пауза од моментот кога ќе почне имунизацијата – вели министерот.

Филипче додаде дека властите во меѓувреме остануваат посветени на реализација на набавките за вакцините преку механизмот „Ковакс“ и во директните набавки од компанијата „Фајзер“, но факт е дека компаниите се соочуваат со проблеми во испораката и доцнење на вакцините во целиот свет и во Европа.