Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната координација со директорите на Клиниките, истакна дека деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците.

Сепак, како што вели министерот, подготвени се дополнителни капацитети во болниците низ целата држава.

– Справувањето со овој трет бран кој е многу силен е исклучително тешко, не само кај нас туку насекаде во Европа. Според епидемиолошките анализи, РО факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така – вели Филипче.

Остануваме претпазливи, заклучува министерот, предупредувајќи дека вирусот е непредвидлив и подмолен.