Две илјади кинески вакцини од прозиводителот „Синофарм“ пристигнаа на аеродомот во Софија и до вечер ќе пристигнат во нашата земја, најави на социјалните мрежи, министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој во објавата на Фејсбук посочи дека се работи за донација од Обединетите Арапски Емирати.
– Голема благодарност за заложбата на амбасадорот Абдулкадир Мемеди и на министерот за надворешни работи Бујар Османи што за краток временски период се обезеди оваа донација – нагласува Филипче додавајќи дека симболот на оваа здравствена криза е солидарноста.