Министерот за здравство, Венко Филипче, преку објава на својот фејсбук-профил ја објасни причината за барањето на ресорното министерство за воведување полициски час на територија на целата држава.

– Предложивме воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда (10 март). Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерки за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна, затоа што тоа e единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид-19 – напиша Филипче во објавата на „Фејсбук“.