Министерот за здравство Венко Филипче во синоќешното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 го коментираше ставот на претседателот Стево Пендаровски, кој по Советот за безбедност кажа дека е срам за државата што граѓаните викендов заминуваа во Србија на вакцинација.

– Разочарам сум навистина од изјавата, кога буквално цел свет е во војна со вакцините. Тука сега да се заинтересира некој само за своите права, е некоректно. Тој донесе нула вакцини, што уште еднаш кажува дека е многу тешко да се стигне до вакцините. Едноставно и другите земји немаат доволно вакцини, еве во Германија, Холандија, Франција… Добро направи Србија, го ценам како навистина пријателски чин, кога имаат вакцини, ги отворија вратите за сите соседни земји – рече Филипче за ТВ21.