Не планираме рестрикции и дополнителни мерки поради случајот на индиски сој, оти не гледаме никаков ризик од негово ширење во земјава, но будно ја следиме ситуацијата и епидемиолошката состојба, истакна министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, откако во текот на вчерашниот ден беше забележан и втор случај на индискиот вид на коронавирусот во Македонија.

Министерот нагласи и дека повторно ќе се воведат посебни мерки ако биде забележано дека има ризик од зараза во ноќните клубови и во локалите.

Филипче соопшти дека досега се вакцинирани околу 240 илјади граѓани се вакцинирани, од кои 200 илјади се ревакцинирани.