Министерот за здравство, Венко Филипче за време на посетата на Клиничката болница во Битола искажа задоволство како Клиничката болница во градот под Пелистер се справува со здравствената криза.

Во Клиничката болница во Битола која е регионален центар за пацинти заболени од ковид-19 во моментот има 32 хоспитализирани пациенти, од кој само двајца се од Битола, а останатите позитивни од коринавирусот се од околните градови.

– Во Битола бројот на заболени лица од ковид-19 е мал. Медицинскиот кадар во болницата е на висина на задачата. Во болницата работат искусни лекари кои се врвни експерти, со огромно искуство и својата работа ја вршат пожртвувано. Мошне добро е што од почетокот на оваа недела ставена е во функција и лабораторијата во рамките на Центарот за јавно здрваје, која сега ќе прави анализа за вирусот. Досега брисевите беа праќани во лабораторијата на МАНУ, а резултатите се добиваат истиот ден, но оваа лабораторија е значајна придобивка затоа што ќе може да опслужи поголем број граѓани – рече Филипче.

Инаку, Битола денеска има само еден позитивен на ковид-19. М.М.