Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да ја спроведеме. Вакцинирањето ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои во овој момент не работат со ковид пациенти, објави министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил.

Филипче истакна дека планот за прием, чувањето на вакцините и дистрибуцијата до местата каде  што ќе бидат аплицирани, веќе е во завршна фаза. Тој додава дека во текот на следната недела ќе биде организирана и вежба на терен, за тоа како би изгледала вакцинацијата.

Ќе биде препорачано први да бидат вакцинирани здравствените работници, вработените во војската и во полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни и сите критични групи согласно мислењето на експертите, напиша министерот.