Има зголемување на бројот на заболени од ковид-19, што во одредена мера се должи на британскиот вид на коронавирусот и можно е воведување на дополнителни рестриктивни мерки, но тоа засеа не е во план, кажа министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на поликлиниката Букурешт, по повод донација од Стопанска банка за Здравствениот дом во Скопје.

Тој додаде дека моментно траат испитувањата во лабораторијата на МАНУ и оти вчера имал разговори со претставници од клиниката „Жан Митрев“ каде што британскиот вид е присутен во 70 отсто од случаите. Филипче посочи и дека има доволен број на слободни болнички капацитети низ Македонија.