Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, рече дека постојните мерки против ковид-19 се добро димензионирани и дека засега нема потреба од полициски час.

Засега отвораме нови капацитети во здравствените установи, ослободуваме се повеќе кревети, нема да дозволиме да нема болнички кревет, но нашиот здравстен систен е под голем притисок и во таа смила се сите овие рестрикции кои што се на сила. Ако се затворат угостителските објекти во 21 часот, како што предложи Комисијата за заразни болести, ако луѓето се прибираат дома порано затоа што ќе нема каде да одат, ако ги почитуваат мерките, тогаш и бројките ќе се намалат. Значи, во овој момент, од форма на карантин како полициски час, сметаме дека нема потреба – рече Филипче.

Во врска со големиот број мртви од коронавирус, вклучувајќи ја и денешната бројка – 21 починати, министерот се согласува дека навистина има сериозен процент со смртен исход.

– Главно, причина за смртниот исход најчесто е што заболените доцна доаѓаат во болница, но тешко е да се каже која е причината што доцна се јавуваат во болница. Дел од нив се уште не веруваат дека постои вирусот. Сепак, и покрај големите бројки, ние останува на тоа – да ги заведуваме како починати од ковид-19 и оние кои имале претходна друга сериозна болест – рече Филипче.