Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 17 здравствени работници кои се заболени од коронавирус, а се дел од клиниките ширум државата.

Филипче вели дека тоа не е резултат на непочитување на протоколите, туку поради други причини.

– Точната бројка на заболени здравствени работници, во текот на вчерашниот ден беше 17, но јас ќе повторам, тоа се здравствени работници кои не биле свесни дека имаат контакт со некој заболен. И така имаме неколку случаи. Имаме едно такво сценарио кај нас на клиниките, понатаму во Куманово, каде тестот од пациентката бил негативен. Имаме работници кои се испитуваат од Кавадарци, апсолутната бројка воопшто не би ја земал како процент на здравствени работници – рече Филипче.

Тој посочи дека досега, нема ниту еден сомнителен случај на заболено лице вработено на Инфективната клиника.