Во овој момент не е време да се отворат градинките, заради тоа што децата се големи трансмитери на вирусот кон членови на своите семејства, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, за време на посетата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Министерот истакна дека е тешко да се каже кога точно би се отвориле градинките поради порастот на бројот на заболени од ковид-19.

Тој потенцира дека во моментот кога било одлучено да се прави скрининг на вработените во градинките, бројот на новозаболени на дневна основа бил помал.