Фото: Маја Јаневска-Илиева

Нова пратка од 100 илјади вакцини на „Фајзер“ утре пристигнува преку системот „Ковакс“, најави министерот за здравтство Филипче. В недела со два авиона по 250 илјади дози од Кина ќе пристигне пратката од 500 илјади вакцини на „Синовак“.

Направен е план за складирање во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје и на Институтот за судска медицина. Веќе во понеделник или вторник ќе бидат пуштени во употреба и дистрибурирани низ државава.

Министерот за здравство најави дека во следниот период следува забрзано темпо на вакцинација.