Министерот за здравство Венко Филипче веројатно ќе биде прв од функционерите што ќе се вакцинира против ковид-19, истакна денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот додаде дека треба да се почитува редот за вакцинацијата, со што тој не сака да застане пред оние на кои вакцината против ковид-19 им е најпотребна.

– Први секако ќе треба да се вакцинираат здравствените работници, а потоа хронично болните. Во редот кај лекарите најверојатно ќе треба да се вакцинира и министерот Венко Филипче, па тој би бил првиот од функционерите. Кога ќе бидат запазени сите редови, тогаш ќе се вакцинирам и јас, а сигурно ќе се вакцинира и моето семејство. Не сакам да бидам пред сите оние кои треба да бидат први – истакна премиерот Заев.