Во последните 24 часа, потврдени се уште 426 случаи на коронавирус во Србија, а починаа осум лица.

Во изминатото деноноќие биле направени 11.521 тестови, јавуваат властите.

На респиратор во моментов има 205 лица.

Досега во Србија починале вкупно 499 лица, а стапката на смртност е 2,26 проценти.

Во земјата се хоспитализирани 4.619 пациенти со ковид-19.