Уште еден здравствен работник што беше заразен со ковид-19 донираше крвна плазма за да помогне во лекувањето на пациентите. Станува збор за доктор Кристијан Богдановски, кој е вработен во Итната медицинска помош во Македонски брод.

– Уште еден наш колега даруваше крвна плазма. Д-р Богданоски е еден од здравствените работници кои ја добија битката со вирусот ковид-19 и самоиницијативно се пријави за донација. Со донација на плазма спасуваме човечки живот! Ако сте го прележале вирусот, контактирајте го центарот за Трансфузиологја и проверете дали може да сте следниот донор кој ќе направи добро дело – објави на својот фејсбук-профил министерот Филипче.
Доктор Богдановски е втор лекар што даруваше крвна плазма, по претседателот на општинскиот огранок на Лекарската комора во Куманово, доктор Мирослав Бошковски.