Фото: Игор Бансколиев

Првата пратка вакцини од Србија за Македонија ќе пристигне утре на граничниот премин Табановце, соопшти Владата.

– Утре, на 11 февруари, во 14 часот, на граничниот премин Табановце премиерот Зоран Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ со која ќе пристигне и првата пратка на вакцини – соопшти Владата.

Нема наведено детали колку вакцини ќе пристигнат и од кој производител.