Драга публико, бидејќи овие денови не можете да уживате во магијата на театарската игра, Македонскиот народен театар е секогаш тука за вас. Од утре со почеток од 20 часот стартуваме онлајн и во вашите домови, каде што бесплатно преку нашиот Јутуб-канал можете да ги гледате претставите со следниот редослед: 18.3. „Сомнително лице“, 19.3. „Изгубени Германци“, 20.3. „Парите се отепувачка“, 23.3. „Да тргнеме Сењор“ и 24.3. „Мајсторот и Маргарита“.

Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн.