Во периодот од 21 часот синоќа до 7 часот утринава, на подрачјето на Куманово регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење, сопшти МВР.

– Превземени се мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци – се наведува во соопштението.

Ограничувањето на движењето на територија на Куманово продолжува до 5 часот утре.

МВР апелира до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење и предупредува дека непочитувањето ќе биде санкционирано.