Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршаф кој бил врзан како импровизирано јаже.

Од полицијата информираат дека чаршавот бил пуштен помеѓу првиот и вториот кат од прозорецот на хотелот.

– По проверка во собите од полициски службеници било констатирано дека во две соби ги нема А.Ј.(22) и А.Б.(24), двајцата од Турција, кои на 3 јули, врз основ на наредба, а во врска со кривичното дело „криумчарење мигранти“, од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица биле спроведени во државен карантин, поради позитивен тест на ковид-19 кај едно од лицата – велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.