Фото: Каролина Мицевска

Во општина Прилеп денеска се евидентирани 3 нови случаи на новозаболени од ковид-19, а 9 пациенти се излекувани од оваа заразна болест. По еден излекуван пациент има и во општините Крушево и Пласница, информираат од општина Прилеп.

На Инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 16 лица. Од нив, 11 се позитивни на коронавирус, а 5 пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Заради потешката клиничка слика, двајца пациенти се испратени на лекување во болницата „8. Септември“ во Скопје.

Во самоизолација се наоѓаат 241 лице, а во изминатото деноноќие забележан е еден случај на нарушување на полицискиот час. 

Ка.М.