Фото: Игор Бансколиев

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 274, Прилеп – 79, Кавадарци – 55, Тетово – 39, Куманово – 34, Охрид – 29, Гевгелија – 26, Неготино – 25, Велес -24, Штип -20, Гостивар -18, Битола -16, Струмица – 13, Кочани – 12, Струга и Крива Паланка по 11, Богданци – 6, Крушево – 5, Ресен – 4, Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Демир Капија по 3, Кичево – 2 и Берово еден случај.

Регистрирани се и 215 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 125 , Прилеп – 19, Кавадарци – 13, Струмица – 9, Велес – 6, Битола – 5, Тетово, Куманово и Неготино по 4, Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Кичево и Радовиш по 3, Гостивар, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар по 2 и Кочани, Крива Паланка и Виница по еден.

Пријавени се вкупно 13 починати лица – по четворица пациенти во Скопје (85, 78, 72, 64 години) и во Куманово (70, 63, 57, 50 години) и по еден пациент од Тетово (66), Прилеп (72), Битола (71), Велес (75) и Пробиштип (83). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Направени се 3.342 теста преку: ИЈЗ – 1.029, ЦЈЗ Скопје – 86, „Авицена“ – 268, „Биотек“ – 337, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 116, „Систина“ – 218, „Лаор“ – 183, Судска медицина – 10, ЦЈЗ Битола – 92, „Синлаб“ – 45, „Ремедика“ – 23, ИБЗД Козле – 20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 903, УК Пулмологија со алергологија – 7 и ГОБ „8 Септември“ – 5.

Досега во Македонија се направени вкупно 509.720 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.